Трпеновски: Од 2008. година не е направен ревизорски извештај за трошењето на јавните пари

Во своето гостување во „Топ тема“, Горан Трпеновски од Државната комисија за спречување на корупцијата, посочи дека институцијата ќе поведе постапка за ангажираните хонорарци во Владата и образложи зошто е создадена дилема кај јавноста.

„ДКСК ќе отвори постапка и ќе побараме од Влада да ни ја достави целокупната документација, за тоа кој за што е ангажиран. Откако ќе ги добиеме сите податоци, во јавноста ќе го обелодениме целиот случај. Но, бидејќи не беа до крај транспарентни, кај јавноста се создаде дилема за овие ангажирани лица. Исто така, да потсетам, дека од 2008. година не е направена ревизија за трошењето на јавните пари. Ние како комисија инаку, ќе ги побараме податоците за сите хонорарци, бидејќи се објавени 55., а претходно медиумите зборуваа за 58. ангажирани лица. “

Слични содржини