Трубачи пред Клиниката каде што се роди внукот на Цеца: Таткото Вељко со искината маица (фото)

од Nikola Popovski

Денес Вељко Ражнатовиќ стана татко за првпат. Неговата сопруга Богдана се породила во приватна клиника во Белград.

Наследникот веќе го добил името Жељко, по покојниот татко на Вељко, а породувањето поминало во најдобар ред.

Вељко присуствувал на породувањето, а Богдана била породена од лекар, кој двапати претходно ја породил Цеца.

Фолк-ѕвездата го добила своето прво внуче, а семејството на Вељко и Богдана се собрале пред болницата пред 11 часот.

Вељко излегол надвор, ги кител трубачите со пари, а тие му ја искинале маицата како што е обичај во Србија кога се раѓа дете.

Слични содржини