Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека неговите сонародници ќе треба да останат дома и да применуваат физичко растојание и во месеците што следуваат и додаде дека првиот бран на КОВИД-19 нема да биде завршен до лето, како и дека Канада нема да се врати во нормала додека не се најде вакцина, што може да трае и година и пол.

Коментарите на Трудо доаѓаа откако водечката фигура во здравствениот систем во Канада, предвиде дека вирусот може да однесе 4.500 животи.

Трудо оцени дека земјата е во раните фази на избувнување на епидемија бидејќи вирусот пристигнал подоцна отколку во другите земји, поради што врв на првиот бран нема да биде до крајот на пролетта.

„Тоа е предизвик на една генерација. Тоа е новото нормално и ќе трае сè додека не се најде вакцината“, рече Трудо за АП. Ќе бидат потребни неколку месеци напор, ќе мора да вежбаме физичко растојание, да останеме дома и да ги миеме рацете, додаде тој. „Кога Канада ќе го помине првиот бран, некои економски активности ќе продолжени“, објави Трудо.

Канада забележа 20.690 потврдени случаи на коронавирус и вкупно 503 смртни случаи, и спроведе повеќе од 373,000 тестови.

Здравствените власти соопштија дека очекуваат следната недела бројот на Канаѓани кои починале од оваа болест да се удвои, а без воведување контроли, моделот покажал дека скоро 80 ​​проценти од населението може да се зарази, а скоро 350.000 да ги загубат своите животи.

Слични содржини