Трудо: Со нетрпение го чекам целосното пристапување на С. Македонија во НАТО

од Aleksandar Todeski

Добредојдовте на масата на НАТО Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, напиша премиерот на Канада, Џастин Трудо на својот Твитер профил.

„Благодарам за продуктивната дискусија денеска за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји“, пишува Трудо на Твитер.

Претседателот на Владата, Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел.

Слични содржини