Трудови инспектори не откриле непочитување на работничките права: Приватна фирма исплатила К-15 од само 500 денари

од Берта Китинска

Фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда.

– Од Државниот испекторат за труд одговорија дека дел од наводите се потврдени. Се работи за контрола која ја вршел овластен инспектор за труд, утврдени се одредени состојби, дадени се одредени насоки на раководниот орган на компанијата која е наведена во пријавата, меѓутоа во одговорот наведено е дека: Во јануари 2021 година, овластен виш инспектор постапувал по поднесок од синдикална организација каде што учествуваат и вработените во компанијата за неисплатен регрес за 2020 година. Констатирано е дека не е исплатен регресот и донесена е испекциска мерка опомена и даден е налог за сите 196 вработени да се исплати регрес за годишен одмор. Од предметот во вонредниот инспекциски надзор, констатирано е дека работодавачот не постапил по опомената и не го исплатил целосно утврдениот регрес за 2020 година па затоа со спогодба за утврдување на понизок износ за регрес од март 2021 година синдикалната организација кај работодавачот, склучена е спогодба за исплаќање на регрес во висина од 500 денари. Износот за исплата на регрес утврден според закон е 40 проценти од исплатената просечна нето плата, истакна Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

На седницата членовите на ДКСК го запреа постапувањето по предметот и предложија да се достави иницијатива за уврдување одговорност на државниот инспектор до директорот на Испекторатот за труд и Инспекцискиот совет.

Појасни дека по повторна пријава, вишиот инспектор во март извршил контролен надзор и во записникот кој го подготвил не констатирал никакви поврди во работењето на правниот субјект. Николовска информира дека според наводите на Државниот инспекторат, при разгледување на предметот, инспекторот не констатирал дека 500 денари не треба да се исплатат затоа што таа спогодба е донесена отпосле, последователно по важноста на одлуката за исплата на регресот за годишен одмор. Испекторатот констатирал дека инспекторот требало да донесе инспекциска мерка наредба и да го задолжи работодавачот да го исплати целиот износ.

Слични содржини