Тржан: Народот е среќен што естрадата нема од што да живее

од Vladimir Zorba

Српската пејачка Гоца Тржан на Твитер се осврна на моменталната состојба меѓу пејачите кои не работат поради коронавирусот.

Таа изјави дека некои луѓе се радуваат затоа што многу музичари немаат извор на приход, со оглед дека сите нивни настапи се откажани.

„Гледам дека луѓето се многу среќни и задоволни што естрадата нема од што да живее. Ете, барем на некого да му донесеме среќа со нашата несреќа … “, напиша Гоца.

Набргу по овој статус, избувна полемика на споменатата мрежа, а Тржан одговори на еден од твитерџиите: „Другар, јас и сега заработувам пари, затоа што не купував скапи торби и се ку*чев, него мудро инвестирав пари. Тоа не е поентата. Поентата е дека музичарите се исто така луѓе и не е убаво чувството дека некој ликува поради тоа што немаш од што да живееш. Не сите музичари заработуваат илјадници евра“.

Слични содржини