Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај од Приштина изјави дека „постои симболична граница помеѓу Косово и Албанија“, пренесува РТС.
Тој исто така додаде дека Тирана е подготвена да ја отстрани.
„Ние сме подготвени да започнеме со работата за демонтажа на границата. Треба да станува збор за повеќе технички чекори отколку за политички дискусии“, рече Цакај за време на средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи во Приштина.
Цакај утрово пристигна во Приштина и ја оствари својата прва средба со косовскиот министер за надворешни работи, Глаук Коњуфца.
Во текот на денот, тој ќе се сретне и со премиерот Албин Курти и со претседателот на Собранието, Вјоса Османи.
Ова е прва посета на еден албански службеник на Приштина од изборот на новата косовска влада на почетокот од овој месец.