Цаноски за Јанкуловска: Нека ја праша Емел Рамковска како со три малолетни деца издржа 6 години затвор и тортура

од Nikola Popovski

Познатиот бизнисмен и сопственик на ФОН Универзитетот, Сефер Цаноски, се огласи по повот затворската казна за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

„Гордана Јанкулоска: “Дома сум, кој сака нека повели на кафе”. Препорачувам да ја покани Емел Рамковска пред да влезе. Таа најдобро ќе и објасни како се издржуваат цели 6 години затвор и тортура.
Емел беше не со едно туку со три малолетни деца во моментот кога ги затворија како глувци без да има можност да си ги види децата со години. Правдата може да задоцни, но секого ќе го стигне“, стои во Фејсбук статусот на Цаноски.

Гордана Јанкулоска: “Дома сум, кој сака нека повели на кафе” Препорачувам да ја покани Emel Ramkovska пред да влезе….

Публикувахте от Sefer Canoski в Събота, 19 септември 2020 г.

„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството“, напиша екс министерската Гордана Јанкулоска на Фејсбук.

Слични содржини