Царовска: 30000 домаќинства земаат повисока социјална помош и над 22 илјади деца користат детски додаток

од Vladimir Zorba

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје и канцелариите на УНИЦЕФ и Светска Банка организира регионална конференција на тема „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата”.

„Голема е честа, но и одговорноста, да бидеме домаќини на една ваква конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата и заедно со сите вас ценети гости да се заложиме за ефективна социјална заштита. Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа. Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќен сум што веќе го исполнивме. Граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ваков пораст на социјалната помош не се памети во државата“, истакна на конференцијатапретседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев.

„Навистина ми е драго што со посветена работа на Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа. Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќен сум што веќе го исполнивме. Граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ваквиот пораст на социјалната помош не се памети во државата.

Ја зголемивме минималната плата и уште поважно е што таа се изедначи во сите сектори. Благодарение на ова решение, 50.000 работници од трудово интензивните индустрии добиваат повисоки плати. Работиме на ново покачување на минималната плата бидејќи нашите работнички и работници го заслужуваат тоа.

Имавме слух да излеземе во пресрет и на 11.000 стечајци кои со години по улиците ја бараа својата правда и долго време беа оставени без никаков надомест. Со новото законско решение бројката ќе стигне до 12.000 стечајци.“ – порача Заев.

Со социјалната реформа се воспоставува праведна распределба на средствата, кои се насочени кон оние на кои навистина им се потребни. За првпат системот е отворен за лицата со ниски примања. Така, наместо 3.200 деца, детски додаток сега им следува 73.500 деца. Бројот на деца кои ќе примаат образовен додаток пак е предвидено да порасне од 3.800 на 64.316 деца. Вкупно, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија се зголемуваат за повеќе од 100%.

„Пред 4 години ветивме дека кога ќе имаме можност да ги водиме институциите нема да се срамиме да им погледнеме на најранливите во очи. Денес сме горди на чекорите. 30.000 домаќинства земаат повисока социјална помош и над 22 илјади деца користат детски. Меѓутоа, она што сакам да го истакнам е дека целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Точно е дека значително ја зголемуваме финансиската помош која ја добиваат, но истовремено овозможуваме поддршка за вработување, ги зајакнуваме услугите во заедницата и инвестираме во ран детски развој. Бидејќи сиромаштијата не треба да се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Детската сиромаштија денеска е сѐ почест проблем во светот. Таа  опфаќа индивидуални случаи, деца и семејства, го кочи нивниот развој и ја загрозува нивната благосостојба, но истовремено влијае врз целокупниот економски и општествен развој.

„Многу држави го препознаваат значењето на инвестициите во децата и во мерки за превенција, и справување со сиромаштијата, која ја загрозува нивната благосостојба. Ова не е лесно. Свесни сме. УНИЦЕФ работи со сите држави во регионот, со цел да ги заштити децата од штетните ефекти од сиромаштијата“, истакна Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија.

Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Косово и Северна Македонија рече дека модерните системи за социјална заштита треба да им обезбедат на најранливите можност да излезат од сиромаштијата и да станат продуктивни членови на општеството.

„Во многу земји значителен број деца, едно од три,  во Северна Македонија живеат во сиромаштија, многу од нив се ранливи, што значи дека тие живеат во фамилии кои се на прагот на сиромаштијата, и се во социјален ризик. Модерните системи на социјална заштита треба да бидат во можност да им помогнат на сите лица во социјален ризик, особено на сиромашните и ранливите не само во обезбедување на социјална помош, туку и во справување во време на кризи и шокови, наоѓање работни места, подобрување на продуктивноста, инвестирање во здравство и образование на нивните деца и во заштита на населението кое старее.

Слични содржини