Царовска: Ако ги почитуваме мерките, ќе имаме полни училишни клупи од септември

од Берта Китинска

Министерката за образование, Мила Царовска денеска кажа дека се следи епидемиолошката ситуација во земјава и дека министерството е подготвено за секакво сценарио.

„Имаме подготвено три концепти, кој ќе се употреби ќе зависи од епидемиолошката состојба во земјава. Подготвени сме и за онлајн учење, но се уште не можеме да кажеме со сигурност со кој концепт ќе почнеме од септември. Верувам дека, ако ги почитуваме мерките, ќе имаме полни училишни клупи од септември. Ако почневме со дигтализацијата на учебниците, сега немаше да се соочуваме со вакви проблеми“, истакна Царовска.

Слични содржини