Царовска и денес во Гостивар и Кичево ќе го презентира проектот „Учи паметно работи стручно“

И денес, Министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик министерот Арафат Шабани  ќе ја продолжат својата агенда и ќе учествуваат на две одделни консултативни средби со претставници на компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта од Гостивар, Врапчишта, Кичево и Македонски Брод.

Средбите,како што информираат од МОН, ќе се одржат во Гостивар и во Кичево, а се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година.

Слични содржини