Царовска и Шкријељ: Пензиите продолжуваат да растат

од Берта Китинска

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска и Санела Шкријељ, член на Комисијста за труд и социјална политика вечерва се сретнаа со пензионерите од Крива Паланка со кои разговараа за зголемувањето на пензиите и другите прашања поврзани со повозрасната популација, соопштуваат од партијата.

-Јануарската пензија којашто ја исплатиме во февруари ќе биде 700 денари повисока за секој пензионер.Со оваа одлука го зајакнуваме животниот стандард на пензионерите а просечната пензија ќе изнесува 15.500 денари. Покачувањето на пензиите се прави плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и кога имаме раст на економијата во државата, истакнала Царовска.

Вели дека системското решение предвидува дополнително зголемување на пензиите, освен според растот на бруто домашниот производ да може да се зголемуваат и според растот на платите.

Шкријељ, нагласи дека секој граѓанин има право на достоинствен живот и сите имаат право да уживаат во плодовите од она што го сработиле во животот.

-Се инвестира во развој на услуги на локално ниво како што се помош и нега во домашни услови. Се работи на развој на центри за активно и здраво стареење на возрасни лица, кои ќе се користат за социјализација и дружење. Активно работиме на подобрување на услугите на центрите за социјална работа на локално ниво и ќе продолжиме да работиме напорно, затоа што секој заслужува достоинствен живот, рече Шкријељ.

Слични содржини