Царовска: Како е можно некој да претендира да биде државник, а да не се израдува на ниту еден успех на државата

од Nikola Popovski

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во дебатата на ТВ21 изјави дека Преспанскиот договор бил условот за нашата држава стане дел од НАТО и да ја отвори патеката кон ЕУ.

– Како е возможно некој да претендира да биде државник, а да не се израдува на ниту еден успех на државата, а имаа можност 12 години да го направат тоа, но наместо тоа ја изолираа државата, ја корумпираа, го запоседнаа судството, истакна Царовска.

Таа додаде дека покажавме за три години дека можеме во НАТО, нашиот идентитет останува гарантиран, како македонци со македонски јазик ќе влеземе и ќе бидеме дел од унијата.

Слични содржини