Царовска кон Ласовска: Државната матура е избор, опозицијата да не повикува на бојкот

од Берта Китинска

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешните пратенички прашање се обрати кон  министерката за  образовани и наука Мила Царовска и ја праша дали планира да им го олесно полагањето на државна матура на матурантите.

„Средношколците ја бојкотираат наставата со барање за олеснување на матурантите за полагање на матура. Бараат матурата да се состои од проектна задача, и полагање на два премети наместо четири и тоа: еден задолжителен мајчин јазик или македонски, албански или турски јазик и уште еден предмет кој што ќе биде соодветен за понатамошен упис на факултет за оние кои што планираат секако да се запишат на факултет. Делот од матурантите остануваат на барањата да полагаат два наместо четири предмети од државната матура, но неодамна видовме дека претседателот на оваа средношколска унија вели дека дел од оние кои што протестираат односно бојкотираат имаат и закани од претставниците на училиштата, директорите. Тие бараат олеснувања затоа што им беа ветени скратени програми затоа што не им се обезбедени услови за пристојна онлајн настава и затоа што дел од нив не можат и не можеа да ја следат заради лош интернет и едноставно немаа компјутери“, појасни Ласовска.

Царовска одговори дека МОН има обврска да ја спроведе државната матура за средношколците кои сакаат да се запишат на факултет.

„Согласно законот наша обврска е да им го оствариме правото на матурантите да полагаат матура за да се запишат на факултетите во државата и надвор од неа. Ако не обезбедиме матура им го скратуваме правото на учениците да се запишат во високо образование. Државната матура е избор.Тоа што вашата партија повикува бојкот на закон треба да се дескутира во Собрание. Сите ние имаме обврска да ги спроведуваме законите“, изајви Царовска.

Слични содржини