Царовска: Мене навистина не ме засега во овој момент дали моето реноме ќе расте или ќе се намалува

од Берта Китинска

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, објасни дека води министерство во кое се воведуваат големи трансформации и реформи.

-Премиерот Зоран Заев ми довери многу голем и комплициран ресор во првиот мандат и сметам дека испорачавме добри резултати и дека тој верува во тоа дека промените треба да се прават силно и дека она што е зацртано во владината програма треба да го спроведуваме и токму затоа сега сум во министерството за образование, комплициран ресор кој бара драстични промени.Владата во првиот мандат испорача она што беше ветено кон граѓаните сега сме во втор мандат каде треба да ги воведеме веќе поставените цели за кои граѓаните и не бираа , но ние како политичари сме избрани и платени  да воведуваме реформи не да ги држиме статус кво Мене навистина не ме засега во овој момент дали моето реноме ќе расте или ќе се намалува. Онаму каде има реакции занчи допирате  до теми кои треба да се сменат, вели Царовска.

Слични содржини