Царовска: Методологијата на создавањето на нови учебници ќе биде сеопфатна

од Берта Китинска

Новиот концепт доаѓа по пријава на  наставни програми од страна на експерти.Концептот на учење ќе биде со интеграција на теми. Историјата како научна дисциплина ќе си пости и не се укинува. Таа останува таква како до сега што се изучуваше, вели министерката за образование Мила Царовска во  емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Царовска најави дека во подготовка е нов закон за учебници.

„Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза.“, истакна министерката.

Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.

Слични содржини