Царовска: Многу порано ќе соопштиме за стартот на новата учебна година

од Nikola Popovski

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска им го честита крајот на учебната година на сите ученици и наставници.

На прес конференцијата таа беше запрашана дали во август допрва ќе се одлучува кога ќе започне следната учебна година, на што министерката информираше дека сè што е непотврдено како информација е шпекулација и дека министрите не шпекулираат туку изнесуваат факти и вистини.

Токму затоа изјавувам дека Министерството за образование заедно со Министерството за здравство, комисијата за заразни болести и кабинетот на премиерот разгледуваат кои се можностите за почнување на учебната година од септември. Во моментот кога ќе има официјална информација таа ќе ѝ биде соопштена на јавноста и тоа нема да биде во август туку многу порано“, рече Царовска.

Необични девет месеци и за учениците и за наставниците. Оваа година за првпат целата учебна година се одвиваше од дома пред екраните на лаптопите и компјутерите, освен за најмалите од прво до трето одделение кои ја следеа наставата во училишната но со протоколи и претпазливост. Пандемијата донесе голем број предизвици и за наставниот кадар.

Слични содржини