Царовска: На крајот на 2021 сите се радуваме на промените во образованието кои се важни за секое дете

од Берта Китинска

На крајот на 2021 сите се радуваме на промените во образованието кои се важни и во интерес на секое дете. Повторно ги отворивме училиштата. Ги подобривме условите во училиштата, воведовме нови наставни програми и обезбедивме обука и поддршка за наставниците. Целиот труд вредеше затоа што најважна на светот ни е насмевката на детските лица, вели во видеопорака на својот фејсбук-профил министерката за образование и наука Мила Царовска.

По повод крајот на учебната 2021/2022 година и претстојните празници, Царовска во видеото ја нагласува важноста од отворањето на училиштата, новините во годината што изминува и посветеноста на МОН во остварувањето на потенцијалот на секое дете.

– Детските желби и соништа ни се главниот мотив кој ни дава сила да продолжиме да создаваме квалитетно образование кое го развива потенцијалот на секое дете, нè учи да се сакаме, почитуваме и веруваме во граѓанските вредности, кои се основата на општеството во кое има место за секој.
Среќни празници, вели Царовска во видеото.

Слични содржини