Царовска на онлајн состанок со директори на училишта: Ќе има предизвици со онлајн платформата кои заеднички ќе се надминуваат

од Nikola Popovski

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше координативен онлајн состанок со над 200 директори од основни и средни училишта во државата. На состанокот, како што соопштија од Министерството, се разговарало за сите актуелни прашања и за организираноста за стартот на учебната година.

Министерката во разговор со директорите истакнала дека пандемијата го забрза процесот на дигитализација и воспоставувањето на онлајн платформата, но го забрзува и целиот процес на модернизација на образовниот систем.

Првпат, како што посочила Царовска, државата создава еден ваков сложен онлајн систем за исклучително краток рок, но додава ќе има предизвици кои заеднички ќе се надминуваат.

-Платформата ја правиме не само за да ја надминеме Ковид состојбата, туку и за да биде поддршка и понатаму во наставата. Предизвици ќе има, но најважно е сите да покажеме грижа кон учениците и да ја започнеме наставата на први октомври, посочила Царовска.

Од Министертсвото посочуваат дека редовната координација на министерката со директорите продолжува и во наредниот период, со цел да се надминуваат предизвиците и да се обезбеди непречена настава во време на пандемија.

Слични содржини