Царовска најави три сценарија за новата учебна година

од Берта Китинска

За наредната учебна година подготвени се три сценарија, кажа денеска министерката за образование Мила Царовска.

-Денеска МОН дискутираше со Кризниот штаб во однос на протоколите.Сите сакаме учебната година да почне со физичко присуство. Три сценарија се подготвени,  првото е целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи и сите ученици да се вратат во клупите, второто е комбинираниот модел како досега, физичко присуство на учениците од прво до четврто одделение,а  останатите да одат онлајн и третото е да имаме поделба на групи кои ќе ротираат на една недела.Ние очекуваме и сакаме наставата да се одвива во училиштата, вели Царовска.

Слични содржини