Царовска: Наредниот период да вложуваме во културата уште повеќе, за да се реализира квалитетна програма

од Nikola Popovski
 Носителката на листа на пратеници во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со Филип Јовановски и преставници на културните работници од независната сцена, при што разговараа за направеното досега за културата, но и за идните барања и предизвици за развој на културата во земјава, како и за заштита на работничките права на културните работници.
-Сметам дека во наредниот период треба да вложуваме во културата уште повеќе, за да може да реализираат квалитетна програма, претстави и за децата и за возрасните, преку кои ќе се промовираат новите, европските вредности, современоста, слободата и демократијата, и нема да се обидуваме да ги враќаме неколку века назад, рече Царовска.
Царовска на средбата истакна дека независна културна сцена, естрадни уметници и филмски уметници беа поддржани од владата со Ковид мерки, односно со субвенционирање на минимална плата од 14.500 денари.
-Првпат по 2005 година, во културата се донесе нов колективен договор, со што се овозможија значително подобри услови за работа на културните работници. За да можеме да имаме добри услови за културните работници, за да може тие креативно да се изразуваат, мора и да вложиме финансиски средства за плати, достоинствени за нивната професија. Токму затоа, минатата година се направи покачување, нивелирање на платите во културата, со што 90 отсто од вработените добија покачување на платите, кое просечно изнесува 13,9 отсто. Уште поважно од покачувањето на платите е тоа што првпат се воведе исплата на еднаква сума за еднакво извршена работа со еднаква сложеност, тоа е големо достигнување, рече Царовска.

Слични содржини