Царовска: Невладините организации пружија поддршка за новата концепција

По средбата со невладините организации, денес Министерката за образвоание и наука, Мила Царовска, посочи дека поддршката е дадена, и тие по детално прочитаниот концепт се засегнати навистина образованието да има вистински вредности во својата реформа.

„На средбата со невладините организации беше покажа недвосмислената поддршка за новата концепција за основно образование бидејќи таа се базира на родова еднаквост,мултикултура и инклузивност, како и импементирање на вистинските вредности“, истакна Царовска.

На новинарско прашање, како е предвидено да бидат споени одредени предмети, таа вели:

„Имавме примери од општествени и политички науки. Сметам дека е јасно се во оваа концепција. Ова ќе даде детална слика и пошироки познавања на учениците и пристап кон науките“.

Слични содржини