Царовска: Од есен повеќе часови пракса за учениците од стручните училишта

од Берта Китинска

Министерката за образование Мила Царовска, во интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, појасни дека новата програма за средно образование го зголемува обемот на практичната настава во стручните училишта.

„Секоја паралелка во текот на четиригодишното образование практичната настава ќе ја спроведува во една иста компанија, а обемот на наставата ќе се зголемува од година во година.Феријалната пракса во трета година е најинтензивна, затоа што во четврта нема феријална, летниот период треба да пристапат кон вработување. Тоа укажува дека и наставниците и учениците ќе бидат во постојана комуникација со компанијата кадешто е одлучено дека таа паралелка ќе има дуално образование или образование и во компанијата и во училиштето“, рече Царовска.

Слични содржини