Царовска: Она што го правиме во образованието можеби е тешко, но ќе ги задржи нашите ученици дома

од Берта Китинска

Една пријателка ми рече дека Кочани има градоначалник што го гласат и сакаат сите граѓани без оглед на партиската определба, со буџетот работи домаќински и секој денор го користи како да се семеен буџет и го вложува во градот, тоа е вистината за СДСМ, ние секогаш работиме на страната на граѓаните, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска и актуелна министерка за образование на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Кочани.

-Додека тие вложуваа во стиропор и фасади, ние вложуваме во училишта, додека тие вложуваа во споменици ние вложуваме во градинки и веруваме дека само со овие инвестиции може да ги задржиме младите дома бидејќи тие не веруваат во празни зборови. На младите мора да им покажете кон што целите, ние како политичка партија секојдневно го покажуваме тоа и на централно и на локално ниво, затоа што секој ден се бориме да создадеме подобри услови за живот дома, затоа што само така ќе успееме, рече Царовска.

Таа посочи дека сите образовни инвестиции во оваа општина денеска изгледаат подобро за да бидат атрактивни за младите, стручните учеилишта се добри затоа што нудат подобар развој и подобри плати од оние во администрацијата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да тера политика на некаков национализам, може ли да биде патриот? Не. Патриоти сме ние кои посакуваме добро здравство за образовасние, а тие единствено ги знаат зборовите протест и бојкот, и затоа не можеме да очекуваме да имаат визија и да проектираат иднина за младината, затоа она што денеска го правиме во образование изгледа мачно и тешко, но го правиме транспарентно, демократски затоа што сакаме нашите ученици нашите деца да станат конкурентни на светските пазари, не да излезат од државата, нашата економија да ја придвижат кон подобро за сите да имаме и повисоки плати и подобар животен стандард и повисоки пензии, рече Царовска.

Според неа не може некој кој блокира закони како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, за нов клинички, за подобрување на условите за наставниците, закон за повисоки платида биде на страна на граѓаните.
-Ние сме тие што се на страна на граѓанитесо, СДСМ се бори за подобри општини, за подобра иднина, за подобра држава дома, само тоа ни останува.

Слични содржини