Царовска: Опозицијата во еден часот по полноќ им испраќала пораки на учениците да ја бојкотираат наставата

од Nikola Popovski

„Имам информации дека синоќа во еден часот по полноќ, опозицијата испраќала пораки до учениците да не се уклучуваат на наставата, со цел бојкот поради дигитализацијата на учебниците“, истакна министерката за образование, Мила Царовска за емисијата „Утрински брифинг“.

Таа додава дека дигиталните учебници се однесуваат за 4-то одделение, со цел да видиме кои ќе бидат ефектите и дали ќе фатиме чекор со светот.

„Таков тип на бојкот оди на штета само на учениците. Ги повикувам родителите и учениците да не подлегнат на обидите за манипулација. Не само ние, туку и голем број европски институции имаат квалификувано дека најголем извор на лажни вести во земјава е ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски“, изјави Царовска.

Министерката ова го изјави откако средношколци од неколкускопски, струмички и штипски училишта започнаа со бојкот на наставата, откако од претходно се организирале преку социјалните мрежи, соопштувајќи им на наставниците дека од денеска почнуваат со бојкот.

Слични содржини