Царовска: Постепено ќе ги враќаме учениците во училишните клупи

од Aleksandar Petrovski

Од прво до трето одделени учениците ќе одат со физичко присуство, оваа одлука е донесена заедно со Комисијата за заразени болести доколку се отоври можност, ние постепено ќе ги враќаме учениците во училишните клупи, изјави министерката за образование и наука Mила Царовска во емисијата 24 Отоврено .

 

-Секоја одлука која ќе биде спротивна на Комисијата ќе доведе до затворање на училиштата, во целата ситуација потребно е разбирање од наставниците, учениците, родителите..Дајте да видме што ќе се случи со грипот, можеби ќе бидеме спремни и безбедни нема да избрзуваме.Ако училиштата исполнуваат услови по протоколи, тогаш може да почнат со настава, рече Царовска.

Таа додаде дека протоколите мора да се почитуваат. 321 училишта од 494 поднеле барање за настава со физичко присуство.

Слични содржини