Царовска: Повеќе од 6.300 лица веќе се вработија преку „Младинската гаранција“

од Берта Китинска

Младите несебично помогнаа да се донесат политики кои ќе го подобрат стандардот на младите. Исто така младинската невработеност се повеќе се намалува. Заеднички успеавме да ја донесеме „Младинската гаранција“, да ја имплементираме и да имаме огромен успех, заради тоа што ги постигнавме индикаторите, коишто ги постигнуваат европските развиени земји. Од вкупно вклучени околу 20-тина илјади млади лица, минатата година повеќе од 6.300 веќе се вработија преку „Младинската гаранција“, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во ИЕ 1, Мила Царовска, на вечерашната средба со млади во Аеродром.

Царовска рече дека посакува што повеќе млади д бидат вклучени во реалниот сектор, во производството.

– Затоа го воведовме и младинскиот додаток во консултација со младите лица и тие денес добиваат 3.000 денари дополнување на нивната плата секој месец и тоа го добиваат повеќе од 5.000 млади лица. Тие исто така укажаа дека се чувствуваат многу слободно и дека чувствуваат оти секогаш може да го кажат своето мислење, независно дали е критичко или поддржувачко и тоа укажува дека ако студентите се слободни, ако младите се слободни, тогаш и нашето општество е демократско, посочи Царовска.

Слични содржини