Царовска: Продолжува наставата со физичко присуство во училиштата

од Берта Китинска

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција каѓа дека состојбата со коронавирусот во училиштата е стабилна и дека сѐ додека е така наставата ќе се одвива  со физичко присуство.

-Доколку има каква е да е промена или загрозување, тогаш во координација со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство ќе имплементираме други сценарија. Но засега сѐ укажува дека состојбата е стабилна и дека учениците се безбедни во училиштата,  изјави министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа соопшти дека над 75 отсто од наставниците се вакцинирани, што е двојно повеќе од националниот просек, под 1 процент е бројот на позитивни и активни случаи во училиштата. Од почетокот на учебната година до денеска, рече таа, нема надминување на 0,3 проценти позитивни и активни ученици во основно и средно образование, а на дневно ниво нема надминување на 0,03 односно процентот се движи од 0,01 до 0,03.

Слични содржини