Царовска: Разочарана сум што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца

од Vladimir Zorba

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово изјави дека е „навистина разочарана што во општеството сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца“.

– Истовремено сум силно мотивирана да го завршиме процесот на деинституционализација, бидејќи наша заложба е да се грижиме за секое едно дете. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Должност е на државата, но и на целото општество, на секој од нас да направиме сѐ за да ги поддржиме да се развијат во идни активни, продуктивни и среќни млади луѓе, вели таа во својата реакција.

Се надевам,продолжува Царовска, дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете.

Слични содржини