Царовска: Со новата концепција, нашата национална историја ќе се учи уште во 4-то одделение

од Nikola Popovski

Историја е научна дисциплина, која останува и е потребна за секој ученик да ги има информациите, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска во интервјуто за емисијата „Трилинг“.

Според неа, ако порано во програмата, нашата национална историја се учела во 5-то одделение, со новата концепција ќе се учи уште во 4-то одделение.

-Тоа го правиме за да нашите деца уште порано се запознаат со фактите и аргументите за нашиот идентитет. Сепак, парадигмата на учење мораме да ја смениме. Мора нашите деца да практикуваат, да експериментираат, да истражуваат за тоа што ќе го научат, да можат да го аплицираат во нивниот живот. Со новата концепција не се уништува идентитетот, не се исклучуват научни дисциплини, напротив се интегрираат, појаснува Царовска.

Слични содржини