Царовска: Светот се дигитализира, на хартијата и моливот им се намалува вредноста

од Берта Китинска

Министерката за образование и наука Мила Царовска на денешната прес-конференција уште еднаш ја објасни потребата од новата концепција во образованието.

-Комисијата која ги утврдува сите елементи на спроведување на концептот се јавно објавени. Таа е подготвена уште пред два месеца, а истата ќе биде спроведена  во септември. Секое политичко влијание  на осовременувањето на образованието не иде добро за државата и младите. Младите се позитивни и сакаат промена. Еден млад човек кога ќе го прашате за некој податок тој не оди во библиотека да бара туку го отвора својот смарт телефон и на Википедија бара податоци тоа е современиот свет. Знам дека е тешко да се прифати дека на хартијата и моливот им се намалува вредноста и дека светот се дигитализира, изјави Царовска.

Таа додаде дека ова концепција ќе успее и дека на нашата земја и е потреба промена.

Слични содржини