Царовска: ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите

од Vladimir Zorba

Носителката на листа на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Изборна единица 1, Мила Царовска вечерва се сретна со пензионерите од Аеродром и Центар. На двете посебни средбата Царовска најави зголемување на минималната пензија на 10.700 денари во следниот мандат на СДСМ, но и потсети што во изминатиот период Владата предводена од СДСМ направи да го реформира пензискиот систем.

– Како министерка за труд и социјална политика наследив целосно срушен пензиски систем којшто ако не го реформиравме ќе беше доведена во прашање не само исплатата на пензиите на сегашните пензионери, туку и на идните прнзионери. Вие како пензионери добро знаете како ВМРО-ДПМНЕ дрско манипулираше со пензионерите и ад хок, надвор од законската рамка незначително ги зголемуваше пензиите. Како одговорна партија којашто се грижи за сите граѓани, СДСМ покажа дека се грижи и за повозрасните. Во јануари годинава ги зголемивме пензиите на 324 илјади пензионери за 722 денари. Ова зголемување влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки, коишто влегуваат во основицата на пензиите и дополнително законски ги усогласуваме, рече Царовска.

Царовска потсети дека последнита пензиската реформа ја исправила неправдата којашто, како што рече, им ја нанесе претходната власт на 12.000 лица.

– На овие осигуреници им бепе скратено правото на повисока пензија, бидејќи нивните придонеси се уплаќале само во првиот столб во периодот од 2006 до 2018 година. Со 19 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија, ги обесштетивме овие граѓани на кои поради негрижата на ВМРО ДПМНЕ, директно им се скратува ше правото да остварат повисока пензија, рече Царовска.

Слични содржини