Царовска: ВМРО-ДПМНЕ е закана за граѓаните, не нудат ништо ново

од Nikola Popovski

„ВМРО-ДПМНЕ во нивната програма не нудат ништо ново, ниту нешто што може да понуди надеж. Тие имаа 12 години во кои што можеа да покажат како се води држава и покажаа како се корумпира држава, како се запоседнува судството, како се излеваат пари кај што не треба, во фасади наместо во образование, социјална заштита, здравство и детски градинки“, изјави Мила Царовска за емисијата „Само вистина“.

„Токму поради ова сметам дека граѓаните ќе препознаат што СДСМ направи за 2,5 години. Мислам ќе ни дадат шанса да продолжиме по истата патека по која чекоревме“, дополни Царовска.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ е закана за граѓаните.

„Видовме дека 12 години навистина се однесуваа на еден крвнички начин. За нашето владеење, кој е тој што може за 2,5 години да оствари се во споредба со нивните години на владеење. Испорачавме 70 проценти од програмата што ја ветивме“, вели Царовска.

Слични содржини