Царовска: Во интерес на учениците е наставата да се одвива со физичко присуство

од Берта Китинска

Состојбата со ковид во училиштата е стабилна имаме од 0,01 до 0,03 проценти позтивни нови случаеви на девно ниво вели министерката за образование Мила Царовска

-Доколку добиеме инфорации од Комисијата за заразни болести и доколку нешто различно се случува ние како министерство сме подготвени да реагираме во овој момент сите индикатори и бројки укажуваат дека состојбата е стабилна, во интерес на учениците е наставата да се одвива со физичко присуство, вели Царовска.

Во врска со новите ковид-мерки за вакцинацијата на просветните работници, министерката вели дека процентот на имунизирани наставници е некаде до 75 отсто.

-Проценто е висок и тоа укажува дека се појавува одговорност , не е забележан отпот за одбивање на вакцинацијата, вели Царовска.

Слични содржини