Царовска: Второто полугодие ќе биде исто како и првото, остануваме на онлајн настава

од Nikola Popovski

„Второто полугодие ќе биде како и првото. Остануваме на истиот став за онлајн настава“, изјави вечерва министерката за обрзование, Мила Царовска, за емисијата „Топ тема“.

Со физичко активно присуство во последниот извештај, што е многу помалку од крајот на првото полугодие, рече таа одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува за нови мерки во училиштата со оглед на зголемениот број случаи со Ковид-19.

„Сите протколи се спроведуваат. Немаме интерно ширење на болеста, така што стабилно е“, изјави Царовска.

Според неа, протоколите за матурата ќе бидат усогласени со Комисијата за заразни болести и матурскиот одбор, која што секако ќе се одвива на помалку ученици.

„Сите простории во училиштата ќе бидат ставени на располагање за матурата и сигурна сум дека протоколите нема да го доведат во ризик здравјето на учениците“, рече Царовска.

Слични содржини