Цел Ливерпул ќе се тестира на корона

од Vladimir Zorba

Ливерпул нема што да загуби со учеството во пилот-проект за тестирање на сите жители, изјави денеска градоначалникот Џо Андерсон.

На сите што живеат или работат во Ливерпул ќе им биде понудено тестирање, без оглед дали имаат или немаат симптоми на коронавирусот, рече Андерсон, истакнувајќи дека ова спасува животи, болниците нема да бидат исполнети и градот може да ги намали ограничувањата.

Проектот, според локалните власти, може да трае две недели, пренесува Би-Би-Си, додека директорот на институтот за јавно здравје во тој град, Метју Ештон, тврди дека може да трае уште подолго, така што сите можат да бидат сигурни дека проектот има ефект.

На луѓето ќе им бидат понудени разни лабораториски тестови, како и нов вид, што покажува резултати за 20 минути без потреба од употреба на лабораторија.

Места за тестирање се поставени низ градот, во училиштата, универзитетите, работните места и домовите за стари лица. Посебни места за тестирање, шест, ќе бидат отворени за луѓе без симптоми и ќе работат од 12 до 19 часот, а околу 2.000 војници ќе помогнат во доставувањето на тестовите.

Слични содржини