Цел свет му се смее, а сега светски ланец за брза храна го понижи

од Stefanija Kuzmanovska

Алваро Мората повторно е на удар на критиките. Напаѓачот на шпанската репрезентација беше критикуван по првиот натпревар на Европското првенство, кога промаши зицер во ремито со Шведска (0:0), но го подобри впечатокот помалку или повеќе со голот против Полска (1:1)

Сепак, Мората не успеа да искористи пенал против Словачка при резултат 0:0, откако Мартин Дубравка му го одбрани ударот. На крајот, бројката не оди во прилог на Шпанецот. Тој упати десет удари, од кои шест влегоа во рамките наголот, а само една топка заврши во мрежата.

Неуспесите на Мората станаа вирални, толку многу што тој цело време е исмејуван на социјалните мрежи. Се приклучи и шпанската алка во светскиот ланец брза храна „Бургер Кинг“.

– Кога ќе нарачате плескавица без кисели краставички, а Мората ќе ви служи – напишаа на својот Твитер профил.

Да бидат работите уште полоши за Мората, селекторот на „црвената фурија“ го повлече од теренот во 66-та минута, а неговата замена Феран Торес веднаш постигна гол со влегувањето во игра.

Шпанија избори пласман во осминафиналето каде ќе се соочи со Хрватска (понеделник, 18:00 часот Копенхаген).

Слични содржини