Цел тим на Торино заврши во самоизолација

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Торино објави дека целиот тим ќе биде во самоизолација, бидејќи еден нејзин член е позитивен на коронавирусот.

Протоколот предвидува дека целиот тим мора да биде ставен во карантин, а следните денови ќе бидат направени неколку тестови за да се провери дали е проширена инфекцијата со коронавирусот.

Торино загуби од Фиорентина во првото коло од Серија „А“ во саботата.

Следниот дуел е закажан за во сабота против Аталанта, но одигрувањето на дуелот е под знак прашалник.

Еден член на стручниот штаб во Торино беше позитивен на 9 септември, поради што целиот тим мораше да ги откаже подготвителните натпревари за новата сезона.

loading...

Слични содржини