Цела Британија зборува за реакцијата на Кејт кога ја здогледала Меган

Принцот Хари и сопругата Меган Маркл во понеделникот присуствуваат на обележувањето на денот на Комонвелтот во Вестминитерската опатија, што воедно им беше и последно појавување во јавноста како дел од кралското семејство.

Членовите на кралското семејство стигнаа во Вестминистерската опатија на миса, но сите погледни беа вперени во принцот Хари и Меган, кои го раздрмаа спокојот во семејството со нивната желба за независност и напуштање на статусот во кралското семејство и сите должности кои произлегуваат од него.

Братот Вилијам и неговата сопруга Кејт седеа пред нив, а странските медиуми пишуваа за нивниот поздрав.

Како што забележа будното око на јавноста, Кејт реагирала многу ладно на поздравот од Меган. Додека Меган ги поздравувала членовите со широка насмевка, Кејт ладно ја отпоздравила и ја завртела главата.

Инаку, помина еден месец откако браќата се виделе за последен пат.

Слични содржини