Целиот свет му се смее на Трамп: Мојот син имаше коронавирус 15 минути (видео)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека неговиот син Барон (14) го прележал коронавирусот за 15 минути. Тој оваа неверојатна реченица ја изјавил пред своите приврзаници на митингот во Мартинсбург, Пенсилванија, во понеделникот попладне.

Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија биле заразени со коронавирус на почетокот на месецот, а Трамп дури неколку дена бил хоспитализиран во болницата Валтер Рид.

Тогаш Трамп го пофалил силниот имунитет на неговиот син на митингот. Тој раскажал за наводен разговор со лекар за позитивниот тест на Барон за Ковид-19.

„Го прашав докторот што се случува, а тој ми одговори дека Барон е позитивен. 15 минути подоцна, го прашав докторот како е Барон и тој ми одговори: Тој се опорави“, им рекол Трамп на своите приврзаници на митингот, а толпата се смеела.

Целта на анегдотата на Трамп се чини е неговата кампања за повторно отворање на училиштата, чекор што американските сојузни држави не сакаат да го направат поради лошата здравствена состојба поради пандемијата.

Наводното брзо закрепнување на Барон Трамп од коронавирусот често се споменува во неговите говори со цел да се принудат властите да отворат училишта.

„Ајде да ги вратиме учениците на училиште. Добивме позитивен тест и 15 минути подоцна лекарот рече дека Барон е добро“, рекол Трамп во Висконсин во саботата.

Слични содржини