„Целите на воената операција се постигнати“: Дали е на повидок примирје во Газа?

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Јаир Лапид изјави дека се постигнати целите на воената операција „Зора“ во Појасот Газа.

Тој изјави дека нема смисла воената операција да продолжи, пренесува израелската телевизија.

Да потсетиме, неименуван извор денеска изјави дека Израел и палестинскиот исламски џихад постигнале договор вечерва да воспостават примирје во Газа, како што предложи Каиро.

Палестинскиот премиер Мохамед Штаје го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе мерки за одбрана на палестинскиот народ.

„Од самиот почеток на агресијата, (палестинскиот претседател) Махмуд Абас е во контакт со сите важни страни за да се запре војната против нашиот народ во Појасот Газа“, изјави тој за ТВ Алп-Хадат, пренесе ТАСС.

Стајех потсети дека Советот за безбедност на Обединетите нации утре ќе одржи специјална седница за ситуацијата во Појасот Газа.

„Советот за безбедност на Обединетите нации мора да биде решителен во одбрана на палестинскиот народ. И ние сакаме Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе вистински чекори, а не да се вклучи во дискусија“, нагласи тој.

Слични содржини