„Цело е кога има се“: Армијата за прв пат доби комплетно нова спортска опрема (ФОТО)

од Берта Китинска

Цело е кога има се! Армијата за прв пат добива комплетно нова спортска опрема за буквално секој нејзин припадник: војник, подофицер или офицер, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Покажавме како се работи и како дадениот збор го исполнуваме.По новите униформи, чизми, беретки, опрема за преноќување и извидување, гортекс одела, алпинистичка и АБХО опрема…, ова е уште еден чекор со кој докажавме како треба да се гради и јакне Армијата: не со пароли и лажни ветувања, туку со чесен пристап и многу работа, вели Шекеринска.

Слични содржини