Цело село немало Интернет 18 месеци: Сите биле зачудени кога сфатиле што го попречува сигналот!

од Nikola Popovski

Инженери конечно ја решија загатката што ги мачеше со месеци, откако никој не можеше да објасни зошто цело село во Велс останува без Интернет секое утро точно во 7 часот наутро, пишува Би-Би-Си.

Тие немале идеја дека еден стар телезивор е виновен за сè. Неименуваниот сопственик на куќа од Аберхосан во провинцијата Повис не знаел дека сигналот што го емитира неговиот стар уред ја попречува работата на широкопојасниот Интернет за целото село.

Локалните жители известиле за бавната работа на Интернет цели 18 месеци, а инженерите не можеле да дознаат зошто се случува ова, секое утро во 7 часот. Тие се обиделе да го решат проблемот со промена на кабелот, но тој не се покажл како ефикасен и само кога го добиле уредот за мониторинг, сфатиле што е проблемот.

Стариот телевизор емитуваше електрични пречки.

„Секое утро точно во 7 часот, без грешка“, рекол инженерот Мајкл Џонс.

Сопствениците на стариот телевизор се исплашиле кога им беше кажано дека нивниот уред им прави проблеми веќе 18 месеци.

Веднаш се согласиле да го исклучат стариот телевизор и повеќе да не го користат.

Откриено е дека телевизорот емитува единствена пулсна бучава на високо ниво (SHINE) што предизвикува електрични пречки во другите уреди.

Џонс вели дека немало повеќе проблеми откако било утврдено која е причината за падот на Интернетот во целото село.

Телекомуникациската компанија „Опенрич“ соопшти дека многу електронски уреди, од надворешно осветлување до микробранови печки, потенцијално може да предизвикаат пад на широкопојасен интернет. Тие бараат јавноста да користи електронски уреди што ги исполнуваат британските стандарди.

Слични содржини