Целосно изгоре мерцедес на автопатот Тетово-Скопје

од Nikola Popovski

Утринава на автопатот Тетово-Скопје, се запалил автомобил марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички. Автомобилот бил целосно изгорен, а во несреќата нема повредени.

На местото на настанот пристигнале три противпожарни возила, бидејќи пожарот, покрај автомобилот, го зафатил и дел од тревата покрај автопатот.

– Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје. Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така мерцедес, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје

Слични содржини