Цената на нафтата на највисоко ниво во последните 7 години

од Vladimir Zorba

Светските цени на нафтата продолжија да растат овој понеделник поради потенцијалниот недостиг на пазарот, откако цената на нафтата „Брент“ надмина 87 долари за барел за прв пат од октомври 2014 година, покажуваат податоците од тргувањето.

До 6:07 часот по средноевропско време, барел северноморска мешавина се тргуваше за 87,28 долари, што е раст од 0,93 отсто, додека цената на нафтата ВТИ беше 84,34 долари, што е раст од 1,25 отсто.

На пазарот на нафта во вторник наутро има позитивен тренд, бидејќи инвеститорите го оценуваат билансот на понудата и побарувачката на нафта на пазарот.

Пазарот сè уште минува низ изненадувачки голем дефицит бидејќи, според аналитичарите на Goldman Sachs, како што објави Wall Street Journal, влијанието на сојот „омикрон“ врз побарувачката е многу помало од очекуваното.

Да потсетиме, податоците за тргувањето покажаа пред околу месец и половина дека цената на нафтата „Брент“ падна под 70 долари за барел за прв пат од 24 август. Котите беа под притисок поради веста за новиот вид на коронавирусот – „омикрон“.

Поради падот на побарувачката на нафта предизвикан од пандемијата на коронавирус, ОПЕК + го намали производството на 9,7 милиони барели дневно од мај 2020 година. Како што се подобруваше ситуацијата во светот, така се зголемуваше и производството.

Слични содржини