Цената на нафтата расте, барел се продава за 113 долари

од Vladimir Zorba

Цените на нафтата денеска пораснаа, продолжувајќи го минатонеделниот благ раст, поттикнат од силната побарувачка за гориво во САД, оскудната понуда и слабеењето на доларот.

Европската нафта од типот брент поскапе за 72 центи на 113,27 долари за барел во азиската трговија до 4:08 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта WTI порасна за 53 центи, или 0,48 отсто, на 110,81 долари за барел.

Трендот на раст беше под влијание на силната американска побарувачка за гориво во пресрет на главната сезона на патувања, која традиционално започнува на викендот на Денот на сеќавањето на крајот на мај и завршува на Денот на трудот во септември.

Слични содржини