Цената на никелот порасна на 100 илјади долари за тон

од Vladimir Zorba

Цената на никелот на Лондонската берза за метали (LME) денеска надмина 100.000 долари за тон, достигнувајќи невидено ниво за прв пат досега.

Цената на овој метал скокна за неверојатни 110,8 отсто, на 101.350 долари за тон, пренесe ТАСС.

Никелот од почетокот на трговската недела бележи пораст на цената за речиси 3,5 пати, се додава во информацијата.

Слични содржини