Цената на гасот на Европската интерконтинентална берза (ICE) утрово падна под 1.000 долари за 1.000 кубни метри, за повторно да започне да расте во раните попладневни тргувања, достигнувајќи повеќе од 1.200 долари.

Според агенцијата ТАСС, цената на фјучерсите за гас се намалиле утрово од 1.250 долари на 973 долари за 1.000 кубни метри.

Меѓутоа, при тргување до 13.40 часот по московско време, цената на ноемвриските фјучерси за гас се вратија во трендот на раст, надминувајќи го нивото од 1.220 долари за 1.000 кубни метри во холандскиот гасен центар ТТF.

Според руската агенција, големите флуктуации на цените на европскиот пазар на гас се поврзани со ниските залихи во магацините пред доаѓањето на зимата, пренесe Танјуг.

Слични содржини