Цените на нафтата близу 69 долари

од Vladimir Zorba

Цените на нафтата останаа близу 69 долари на меѓународните пазари денес, притиснати од индикации за послаба побарувачка во Азија поради ограничувањето предизвикано од повторното ширење на „Ковид-19“.

На лондонскиот пазар, цената на барелот ослабе за 18 центи во споредба со претходното затворање, на 69,33 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена пониска за 33 центи, по цена од 66,96 долари.

Трговците се загрижени дека секојдневното рафинирање на сурова нафта кај најголемиот кинески увозник во јули падна на најниско ниво од мај минатата година, бидејќи независните рафинерии ја прекинаа преработката под притисок на намалените квоти, повисоките залихи и намалениот профит.

Загрижувачки е и наглото забавување на растот на кинеското индустриско производство и продажбата на мало во јули, поради новите случаи на инфекција со „Ковид-19“ и поплави што го пореметија работењето на компаниите.

Побарувачката може да падне и во Јапонија, која најави дека ќе ги прошири ограничувањата во Токио и други префектури. Нов Зеланд повторно воведе „заклучување“ во Оукленд по првиот случај на коронавирус во земјата во шест месеци.

Хеџ фондовите продадоа нафта по шести пат во осум недели минатата недела, бидејќи повторното ширење на инфекцијата со коронавирус во Кина, Европа и Северна Америка ги намали надежите за продолжување на патувањата со авион на далечни дестинации наскоро.

Во исто време, американската влада проценува дека производството на нафта од шкрилци во септември треба да порасне на 8,1 милиони барели дневно и да го надмине нивото од април минатата година.

Минатата недела, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги повика водечките производители предводени од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Русија да го зголемат производството на нафта за да го спречат зголемувањето на цените на бензинот.

ОПЕК +, пак, смета дека на пазарите не им треба повеќе сурова нафта од планираното со зголемување на нивната понуда во наредните месеци, за вкупно два милиони барели дневно во периодот од август до крајот на годината.

Одделно, ОПЕК денеска објави дека цената на барелот од референтната кошница на нејзините членови во понеделникот изнесувала 69,65 долари, што значи дека „паднал“ за 1,25 долари од претходниот работен ден.

Слични содржини