Цените на нафтата и понатаму паѓаат: Блокадата ширум светот поради КОВИД-19 ја намали побарувачката

од Stefanija Kuzmanovska

Цените на нафтата паднаа денес, откако блокадите воведени низ целиот свет за да се спречи ширењето на коронавирусот, ја намали побарувачката за овој енергенс и ги надминува очекувањата дека пакетот за економски стимули од 2 трилиони американски долари ќе ја зајакне економската активност.

Во Лондон, цените на суровата нафта се намалени за 1,04 долари или 3,75 отсто и сега се 26,35 долари за барел.

Во Њујорк, цената на лесната сурова нафта е намалена за 94 центи, или 3,8 проценти, на 23,55 долари за барел.

„Цената на нафтата доби поддршка од американскиот пакет, но најголем дел од дејноста е на нула поради заситеноста на пазарот“, рече аналитичарот на пазарот Стивен Инс од „АксиTрејдер“.

Американскиот Сенат утрово усвои пакет од два трилиони американски долари за да им помогне на невработените работници и индустриите ранливи на пандемијата на КОВИД-19.

Слични содржини